Еврогрупата на 9 мај ќе има состанок за ситуацијата во Грција
Претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум го извести грчкиот министер за финансии дека државите од еврозоната на 9 мај ќе имаат средба на која ќе се разгледа ситуацијата во Грција.
Според портпарол на Владата во Атина, планирана била средба за вчера, но таа била откажана откако било оценето дека нема доволно напредок во преговорите меѓу Грција и кредиторите за потребните рефоми на државата пред да биде префрлена нова транша од програмата за економска помош.
Претседателот на ЕС, Доналд Туск изјави во средата дека министрите би требало да определат нов датум за средба на Еврогрупата за Грција за да се избегне обнова на несигурноста за способноста на државата да се финансира.
Владиниот портпарол додаде дека премиерот Алексис Ципрас разговарал со претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер и американскиот министер за финансии Џек Лу.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци