Евроберзите забележаа скок по одлуката на Ципрас
Европските берзи полека се стабилизираат, по одлуката на Ципрас. Европкиот пазар на капитал бележо скок ,инвеститорите се посигурни , откако грчкиот премеир, поднесе нова листа на реформи до кредиторите.
Скок бележи и еврото, околу половина процентни поени во однон на американскиот долар, а поевтинија и државните обврзници на Итаија, Шпанија и Португалија.
Најголем скок е регистриран кај францускиот берзански индекс од 2,4 отсто, кај германскиот зголемувањето е за 1, 6 проценти, а берзанскиот индекс на лондонската берза рипна за еден отсто.
Сепак и покрај минималнотот опоравување на евроспките берзи, аналитичарите се претпазливи. Резервирани се во работењето и во прогнозите, зошто сметаат дека рабоатат целсоно ќе биде готова кога грчкиот парламент ќе даде зелено светло на одлуката на Ципрас, од која и европските аналитчари и инвеститори се изненадени.
Минатата недела, беше најтешка за европскиот пазар на капитал. Безрите го доживеаа најголемиот пад од 2011 година. Инвеститорте целосно беа повлечени од берзите, поради страв од банкрот на Грција.
Најмногу пад беше регистриран на берзанскиот индекс во Португалија од 5 отсто. Несигурни станаа и азиските берзи , за 2, 9 отсто падна индексот на Токиската берза, а тајванската за 2, 4 проценти.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
