Кошарка
13. September 2015 - 8:47

Евробаскет: Нов рекорд по број на гледачи на кошаркарски натпревар

Нов рекорд е поставен по бројот на гледачи на кошаркарски натпревар одигран во Европа. Синоќа на дуелот од осминафиналето од Евробаскетот меѓу Франција и Турција на Стадионот Пиер Моро беа присутни 26.135 гледачи.

Со тоа соборен е рекордот од дуелот на Еврокупот (1/4 финале) одигран во Белградска Арена на 26.март 2014 година кога беа присутни 24.322 гледачи.
Вчерашниот дуел Шпанија - Полска го следеа 21.302 гледачи со што беше соборен рекордот од ЕП од Белград од 2005 година од 18.900 гледачи.