-->
-->
Евробаскет: Може ли Чешка до нова победа ?
-->

На Европското првенство во кошарка што се одржува во Лил денеска на програмата се уште два четвртфинали дуела. Србија против Чешка од 18:30 часот и Италија против Литванија во 21 часот. Победниците од двата натпревара ќе ја формираат втората полуфинална двојка.
Србија важи за апсолутен фаворит во дуелот со Чешка, особено што досега на шампионатот е без пораз (6-0), а и според прикажаните игрите отскокнува од другите селекции. Чешка со пласманот во четвртфиналето го постигна својот најдобар резултат, а за изненадување ќе треба оваа селекција да одигра над своите можности. Овие две селекции за првпат ќе играат официјален натпревар.
Во вториот дуел од денешната програма меѓу Италија и Литванија се очекува поголема борба и повеќе неизвесност. На досегашните 11 меѓусебни натпревари скорот е 8-3 за Литванија, а Италија нема ниту една победа на Европско првенство. Последните три победи Литванија ги постигна со разлика од 3 до 5 поени.
Во првото полуфинале утревечер ќе играат Франција и Шпанија, додека поразените селекции од четвртфиналето ќе разигруваат за пласман од 5-8.место.
Преносите од дуелите Србија - Чешка (18:30 часот) и Италија - Литванија (21 часот) ќе можете да ги следите на СИТЕЛ 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
-

МДТ наложи блокирање на 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање
-

Зверев за прв пат светски рекет број 1
-

Гутереш предупреди дека трката меѓу САД и Кина во воената вештачка интелигенција води кон глобална катастрофа
-

Сиљановска Давкова и честиташе на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
-

Хакирани апликациите за итни предупредувања во Украина и Русија
-

Антонели нов светски шампион во Формула 1
