Кошарка
13. September 2015 - 8:40

Евробаскет 2015: Познати две четвртфинални двојки

По синоќа одиграните натпревари од 1/8 финалето на Евробаскетот познати се две четвртфинални двојки: Франција - Летонија и Шпанија - Грција. Овие натпревари се играат во вторник.

Резултати на осминафиналните дуели:
Летонија - Словенија 73:66
Грција - Белгија 75:54
Шпанија - Полска 80:66
Франција - Турција 76:53.
 
Денеска се играат другите осминафинални дуели:
Хрватска - Чешка (12 часот)
Србија - Финска (14:30 часот)
Израел - Италија (18:30 часот)
Литванија - Грузија (21 часот).
Преноси од сите натпревари ќе можете да следите на програмата на СИТЕЛ 3.