-->
-->
Евробаскет 2015: Литванија по продолжение до полуфиналето
-->

Репрезентацијата на Литванија се избори за полуфинале на Европското кошаркарско првенство, откако синоќа во најнеизвесниот четвртфинален дуел ја победија Италија со 95:85. Победникот беше решен по дополнителни пет минути, бидејќи натпреварот по предвидените 40 минути заврши нерешено 79:79.
Двете репрезентации имаа свои моменти и серија поени, но сепак конечната разлика од десет поени беше највисоката предност во текот на целиот меч.
Во продолжението пресуди цврстата одбрана на Литванците и серијата грешки на италијанскиот состав.
Јонас Валанчијунас со дабл-дабл учинок од 26 поени и 14 скокови беше најдобриот кошаркар во победничката селекција, а кај Италија се истакна Андреа Барњани со 21 поен.
Литванија во полуфиналето утре од 21 часот ќе игра против Србија која вчеравечер ја совлада Чешка.
Вечерва од 21 часот на програмата е првото полуфинале меѓу домаќинот Франција и Шпанија со пренос на првиот канал на ТВ СИТЕЛ.
Од 16 часот за пласман од 5-8 место играат: Грција - Летонија и од 18:30 часот Чешка - Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
