Евроамбасадорот Жбогар во Охрид на средби со градоначалникот и во посета на Галичица

Амбасадор на Европската Унија Самуел Жбогар денеска во Охрид во рамки на кампањата „ЕУ со тебе“ ќе се сретне со градоначалникот Константин Георгиевски, при што ќе се разговара за статусот на спроведување на препораките за зачувување на „Природното и културното наследство на Охридскиот регион“ на УНЕСКО, испишано во 1979-1980 година.
За време на престојот тие ќе го посетат Националниот парк Галичица, каде Европската унија инвестираше 390.000 евра за подобра заштита, конзервација и управување со заштитеното подрачје.
Во рамки на проектот основана е мала ботаничка градина со детски патеки и отворена училница, како и репродуктивниот центар од 100 ха за европскиот (црвен) елен, кој создаде услови за враќање на овој „крал на шумата“ по децениско долго отсуство заради нелегалниот лов и несоодветниот мониторинг. Проектот е дел од програмата финансирана од ЕУ за подобро управување со заштитените подрачја во вредност од 4,3 милиони евра што ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
-Оваа посета „ЕУ со Тебе“ ќе се одржи во Охрид за да се потенцира важноста за заштита на Извонредната Универзална Вредност што УНЕСКО му го препиша на регионот за неговите природни вредности и за разновидноста на културното, материјалното и духовното наследство, наведуваат во соопштението.
Ново на Сител
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
