-->
-->
ЕВРО 2020: Чешка ја елиминира Холандија и закажа четвртфинале со Данска
-->
Репрезентацијата на Чешка е третиот четвртфиналист на Европското фудбалско првенство, откако попладнево во Будимпешта ја победи Холандија со 2:0.
Головите беа постигнати во второто полувреме. Најпрво Томас Холес им донесе водство на Чесите во 68. минута, а конечниот резултат го постави Патрик Шик во 80. минута.
Холандија од 55. минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Матијас Де Лихт во 55. Минута поради намерно играње со рака пред својот шеснаесетник.
Противник на Чешка во четвртфиналето ќе биде Данска. Овој меч ќе се игра на 3 јули во Баку.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението