ЕВН: Санирани повеќето дефекти, екипите и денеска на терен
Екипите на електродистрибуција санираа најголем процент од дефектите во снабдувањето со електрична енергија, во повеќе области во земјава претежно од рурален карактер, предизвикани од снежните врнежи, соопштија денеска од ЕВН.
- Поради обилните снежни врнежи, вчера настанаа прекини во снабдувањето со електрична енергија, претежно во руралните средини на Гостивар, Тетово, Кичево, Кавадарци, Делчево, Куманово итн. каде што висината на снегот достигна до пола метар. Како последица на тоа, без електрична енергија вчера останаа околу 6.000 корисници, велат од ЕВН.
Повеќето дефекти веќе се санирани. Екипите на електродистрибуција сè уште се активни на терен и работат на изнаоѓање на решенија за да стигнат до непристапните, проблематични места поради лошите теренски и временски услови, со цел сите дефекти да бидат санирани и снабдувањето да се нормализира за сите корисници од руралните средини.
Ново на Сител
-
Општина Кисела Вода субвенционира обука за полагање за возачка дозвола
-
Папата Франциск помина мирна ноќ во болница
-
Приведен кумановец, крадел пари од тезга
-
Сиљановска-Давкова: Светот е во длабока криза и ова е последен повик за нешто да биде променето
-
Кина ќе разговара со Русија и Иран за нуклеарната програма на Техеран
-
При претрес во Гостивар пронајдена марихуана
-
Кина најавува мерки како одговор на американските царини за челик
-
Македонските ракометари ја пречекуваат Словенија во квалификациите за ЕП