Евгениј Поп Ацев победник на Велешкиот пливачки маратон
Евгениј Поп Ацев од пливачкиот клуб „Вардар 2018“ го освои првото место на шестиот „Велешки пливачки маратон“ на 10 километри кој се одржа на езерото „Младост“.
Поп Ацев на целта стигна за 2:10:26, а за МИА рече дека ова е негово четврто учество на маратонт кој, според него, од нареднат година треба да да влезе во Фино Светската серија за маратони и да биде бодуван во светски рамки.
Второто место го освои Александар Илиевски од пливачкиот клуб „Нептун“ од Скопје со време од 2:11:50
На трката од пет километри во машка конкуренција прв на целта стигна Андреј Стојановски од ПК „Нептун“, втор Божидар Мирчевски од ПК „Работнички“ и трет Петар Краљевски од Пк „Аква“ од Куманово.
Јана Костадиновска го освои првото место на пет километри во женска конкуренција, втора беше Калина Стојчевска и трета Илина Јордановска, сите од ПК „Младост“.
На трката од 2.500 метри од мажите прв до целта стигна Борјан Давковски од ПК Нептун, втор е Давид Јорданов од ПК Орион и трет Сидрид Деску од ПК Степ од Приштина. Во женска конкуренција првото место го освои Калина Стојановска од ПК Нептун а втора пристигна Антонија Андовска од ПК Челични.
Во трката за аматери на 2.500 метри првото место го освои Дарко Поп Ацев.
На маратонот, кој од оваа година доби меѓународен карактер, учествуваа 80 пливачи од Турција, Косово, Бугарија и од Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата