Еве зошто мажите сакаат постари жени
Иако во нашата средина, многу е понормално луѓето да одобрат врска на постар маж и помлада девојка, сепак во последниве неколку години ситуацијата е обратна.
Мажите многу почесто ги превлекуваат постари жени, колку и да звучи чудно.
Таквите врски важат за интригантни, а за причината поради која тие ги сакаат постарите жени, се спроведени повеќе истражувања.
Ова се неколку пресудни фактори:
Зрелост и искуство
Зрелоста и самодовербата кои повозрасните дами ги внесуваат во врската, на мажите им создава чувство на удобност, бидејќи тие нема да имаат одговорност да преземаат иницијатива во сите ситуации.
Младите жени се склони кон често менување на мислењето, а тоа мажите не го сакаат. Додека пак, повозрасните жени раководат со врската одлично. Со обзир на големите животни искуства, тие ја негуваат слободата и развојот на помладиот партнер во врската.
„Забрането овошје“
Ретко кој ги одобрува врските на помлад маж и постара девојка, бидејќи сите се навикнати на обратната ситуација. Но, токму тој фактор на „забрането овошје“ и неодобрување, создава дополнителна потреба кај мажите која сакаат да ја испробаат. Често луѓето го сакаат повеќе она што не може лесно да го имаат.
Независност и неоптеретеност со брак
Повеќето возрасни жени ги оствариле своите цели во животот, како на професионален, така и на финансиски план, што целосно го трга теретот од партнерот, кој вообичаено има повеќе притисок од очекувањата за грижата за животни обврски.
Освен тоа, зборот „брак“, повозрасните дами речиси не го ни споменуваат, што на мажите им одговара.
Смиреност и конкретност
Познато е дека мажите не сакаат да комплицираат, посебно кога станува збор за секојдневни ситници, а постарите девојки се водат по истото правило. Зборот „драма“ речиси и да не постои во нивното однесување, бидејќи тие и во стресните ситуации успеваат да останат смирени и да зачуваат енергија за конкретно решавање на проблемот.
Неоспорни вештини во кревет
Слободата и самоувереноста се пресудни фактори, а постарите девојки одамна ја имаат надминато несигурноста околу изгледот и оптоварување со ново и неиспробано, што е секако оправдано и карактеристично за секоја помлада девојка.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово