Македонија
9. November 2015 - 13:10

Еве од што боледувала Мајката на синот кој пукаше во докторот

 
Пацинетката која утрово почина во скопскиот Клинички центар Мајка Тереза боледувала од тешка малигна болест во напредна фаза.
 
Болеста се комплицирала и во нејзиното тело почнале да се формираат гнојни кеси, дознава Максим од болнички извори.
 
Нејзината состојба била исклучително тешка, велат нашите извори. Откако лекарите не можеле да сторат ништо за да и го спасат животот, пациентката починала.  Нејзиниот син тогаш земал пиштол и почнал да пука во лекарот.