Еве колку изнесува највисоката температура измерена во Македонија

Ова лето ќе биде потопло од вообичаено, предвидува сезонската прогноза издадена од Управата за хидрометеоролошки работи, според која, пак, врнежите нема да отстапуваат од многугодишниот просек.
Летото дојде вчера, но горештините се актуелни веќе десетина дена и надлежните од Министерството за здравство ги издадоа првите препораки за заштита на населението од топлото време.
Половина од Македонија вчера беше во портокалова фаза, при што најтопло беше во Гевгелија, каде што напладне беа измерени 37,4 степени, а во Скопје 34,8.
Од УХМР велат дека рекордот со највисока измерена температура досега во Македонија е постигнат на 24 јули 2007 година во Демир Kапија, кога се измерени 45,7 Целзиусови степени.
Рекордот за Скопје е во истиот тој ден, кога температурата се искачи до 43,4 степени. Оттогаш не е измерена повисока температура иако 2012 година беше најтопла година досега, кога и во зимата и во летото средните месечни температури беа највисоки откако се мери.
- На 24 јули 2007 година се измерени досега највисоките температури во Македонија и оттогаш не се надминати. Температурите официјално ги мериме од 1948 година. Имало мерења и порано, но не сме сигурни колку се прецизни - велат од УХМР.
Според сезонската прогноза, која се прави врз основа на прогностичките материјали што УХМР ги презема од Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето, изгледот на времето во Македонија за јуни, јули и август 2016 покажува дека температурите на воздухот ќе бидат малку повисоки од просечните, но тоа надминување нема да биде повеќе од 1 до 2 степена. Kоличината врнежи ова лето се очекува да биде во рамките на просекот, со можност на посушен источен дел и поголема веројатност на позитивни надминувања во преостанатиот дел од Македонија. Многугодишниот просек на температура за Скопје за јуни е 21,9 степен, а за јули е 24,2 степени. Во август и температурата на воздухот и врнежите ќе бидат во рамките на просекот. За Скопје просечна многугодишна температура за август изнесува 23.9 степени. Постои веројатност во летната сезона да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори
Ново на Сител
-

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај
-

Од крајот на јуни стартува меѓуградскиот воз Прилеп-Битола, наскоро и карго сообраќајот
-

Зеленски: Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови кон Украина
-

Трамп: Брзањето во преговорите со Иран би можело да ги поткопа шансите за постигнување поволен договор
-

Дебранец возел без возачка, со 2,73 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет
-

Приведен жител на Росоман поради закани кон градоначалникот на социјални мрежи
-

До петок променливо облачно со услови за локален пороен дожд
