Еве какво време не очекува утре во Македонија
Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во североисточниот и источниот дел на земјава. Преку денот ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната од шест до 12 степени.
Во Скопје слично време, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, но повремено ќе бидат обилни. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
Во петок се очекува извесно стабилизирање на временската состојба кај нас, но за време на викендот, односно сабота и недела, повторно се очекуваат врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во југоисточниот и источниот дел на земјава.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ