-->
-->
Еве какво време не очекува денеска
-->

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи осум до 17 степени, а дневната од 21 до 31 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната до 30 степени.
Во недела ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а не е исклучена и појава на невреме со град и засилен ветер. Потоа следува стабилизирање на времето со покачување на дневната температура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
-

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1
-

Лишени од слобода крадци во Стар Дојран, украденото ќе биде вратено на сопственикот, следува пријава
-

Фејсбук недостапен за илјадници корисници ширум светот
-

Меси: Што и да се случи во финалето, Аргентина веќе напиша историја
