Еве какво невреме не очекува денес и утре

Времето до крајот на денов ќе биде претежно облачно доцна попладне, во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, особено обилни врнежи прослeдени со грмежи и со засилен ветер се очекуваат во вечерните и во ноќните часови.
Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. На повеќе места повторно ќе бидат обилни проследени со грмежи и со засилен ветер, локално во форма на невреме, со електрични празнења. Се очекува да наврнат дополнителни над 30 л/м2 воден талог, особено во западните и југозападните делови на Македонија. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската темература ќе се спушти од 12 до 19, анајвисоката дневна ќе се искачи само од 15 до22 степена.
Во Скопје утре претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, повремено ќе бидат проследено со грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17 а дневната ќе достигне само до 20 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
Врнежи од дожд ќе има и в петок, но со послаб интензитет и повеќе ќе бидат локализирани, а кон крајот на денот постепено ќе престануваат
Потоа следува период на стабилизирање и постепено затоплување на времето.
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
