Еве како климата да ви работи по цел ден, а да не чини ништо
На кој начин најдобро да се користи клима уредот со цел максимално да се заштеди на електрична енергија?
Можеби ќе ви се чини како непотребно трошење на електрична енергија кога го вклучувате и исклучувате клима уредот, но на тој начин ќе заштедите доста на пари, а клима уредот на тој начин работи подобро.
Всушност, системот на разладување на просторот најефикасен е кога работи со полна брзина, отколку кога работи во кратки периоди со помала брзина, со цел да се одржи константна температура во текот на целиот ден.
Освен тоа, кога клима уредот работи со полна брзина, подобро ќе ја избрка влагата од вашиот дом.
Електична енергија може да се заштеди и доколку термостатот на клима уредот го наместите на повисока температура (разликата помеѓу собната температура и надворешната не смее да биде поголема од 7 до 10 степени).
Според некои податоци, клима уредот троши 3 до 5 % помалку енергија со секој степен погоре на термостатот.
За максимална заштеда на енергија, клима уредот оставете го да работи на 26 или повеќе степени целзиусови, додека не сте дома.
Ново на Сител
-
МФ: Над 200 милиони евра од ЕБОР за изградба на автопатот Скопје – Блаце
-
Фон дер Лајен: Нов енергетски и одбранбен пакет за ЕУ како одговор на руската агресија
-
Почнува првото судење за воено злосторство на руски војник во Киев
-
Пендаровски до Зеленски: Ваша Екселенцијо, честитам за поднесената кандидатура за членство во ЕУ
-
Таткото на Матеј: Тешко ми е, но морам да се соочам со вистината
-
Македонски фестивал во Турција
-
Милошоски: Комисијата за деловнички прашања да расправа за однесувањето на Џафери
-
Повторно дојави за бомби во училиштата во Белград