Македонија
14. April 2016 - 22:39

ЕВЕ ЈА РАЗЛИКАТА: Вака се сака и почитува Македонија и македонските бранители

Со камења, пиротехника и тврди предмети дел од демонстрантите на СДСМ и СОРОС фрлаа кон полицијата распоредена пред полициската станица Беко во центарот на Скопје. Повредени се неколку припадници на полициските сили.

-Голи ќе ве соблечеме, голи дома ќе си одите. Ова се само дел од навредите кои насилниците на СДСМ и СОРОС вечерва ги упатуваат кон полициските сили, кои професионално си ја одработуваа задачата во зачувување на редот и мирот.

На другата страна, наспроти овие две до три илјади демонстранти на СДСМ и СОРОС, над 20.000 граѓани предводени од ГДОМ, мирно, достоинствено и со должна почит кон полицајците го одржаа собирот на кој се пееја патриотски песни.

Наместо камења, тврди предмети и пцовки, полицајците добија вода, почит и цвеќе. Поддржувачите на ГДОМ достоинствено покажаа како се сака и брани сопствената земја, како се почитуваат и сакаат припадниците на полицијата кои се должни да ја штитат земјата