Евакуираните од пожарот во делчевско-пехчевскиот регион во стабилна состојба
Евакуираните граѓани од пожарот, што вчера напладне го зафати маалото Пасјак во делчевско-пехчевскиот регион, се во стабилна состојба. Директорката на делчевскиот Здравствен дом Марија Глигоровска информира дека се работи за возрасни лица, од кои дел се неподвижни и во моментот се наоѓаат кај своите семејства во Делчево.
-Се работи за неподвижни лица, кои се чуваа во домашни услови. Побараа Итна помош, а нашите екипи кои секогаш се подготвени, веднаш интервенираа. Се работи за пет лица кои беа донесени во Брзата помош во нашата амбуланта, а потоа беа пронајдени нивните семејства. Тоа се главно возрасни луѓе кои живеат сами или со друг возрасен човек. Беа донесени во нашата установа, седеа неколку часови, додека ги пронајдовме семејствата, ги однесовме по нивните домови така што овие лица беа спасени на време, истакна Глигоровска.
Додаде дека екипи на Итната помош од Делчево се подготвени да помогнат и оти се формирани екипи од лекарски тимови од Делчево и Македонска Каменица.
-Синоќа беа формирани екипи од Делчево и Македонска Каменица за укажување помош во пожарите во Кочани. Во координација со Министерството, подготвени сме во случај да има потреба и денес кај нас или повторно во Кочани, во секое време да пуштиме екипи, нагласи Глигоровска
Освен помошта за неподвижните од Пасјак, поединци и локални фирми од Делчево синоќа и утрово се организираа и доставија пратки со вода за пиење за сите кои учествува во акцијата за гаснење на пожарот кај Пасјак, чие гаснење се уште трае.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи