Евакуирани училишта во Република Српска по дојави за поставени бомби
Неколку основни и средни училишта, како и градинки, во Бања Лука и други градови денеска добија пораки за поставени експлозивни направи, а полицијата е на терен и ги проверува дојавите.
Родителите на учениците биле известени децата да не одат во училиште во прва смена бидејќи полицијата врши противдиверзионен преглед, наведува РТРС.
Дојави за поставени бомби добиле и училиштата во регионот на Добој и Зворник.
Полициската управа Бања Лука соопшти дека утрово примила повеќе пријави за пристигнати пораки на електронските адреси на основни и средни училишта во Бања Лука, во кои се наведува дека се поставени експлозивни направи, пренесува РТРС.
„Полициските службеници постапуваат по пријавите во согласност со Упатството за постапување на припадниците на Министерството за внатрешни работи во случај на закана за поставена експлозивна направа или друг опасен предмет“, соопшти Полициската управа Бања Лука.
Ново на Сител
-
Социјалните работници ги нема во институциите
-
Охрид со бројните цркви е привлечен за туристите
-
Трогателен хуман гест на 18 годишниот Андреј О. Зрновци
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници