Евакуација во Истборн поради „хемиска магла“

Безбедносните служби и екипите за брза помош, интервенирале на една плажа во јужната англиска област Сасекс откако, засега неидентификувана „хемиска магла“ се спуштила во реонот на градот Истборн, предизвикувајќи голема вознемираност меѓу луѓето.
Повеќе од 50 лица, веднаш побарале лекарска помош, поради силното „печење на очите и на грлото“ .
Речиси сите луѓе се наоѓале плажата до Истборн и на познатите Бели гребени на каналот Ламанш, во моментот на спуштањето на „маглата“ .
Инцидентот се случил синоќа, кога „маглата“, за што сведоците тврдат дека дошла од правец на морето, предизвикала иритираност кај луѓето кои продолжениот викенд во Велика Британија, го минувале посматрајки го заоѓањето на сонцето над Каналот.
Полицијата соопшти дека засега не го знае потеклото на „хемиската магла“ што се спуштила над делови од јужниот англиски брег, но се претпоставува дека потекнува од испуштени хемикалии во воздухот, од некоја фабрика на брегот од Франција кои ветерот претворајќи ги во „магла“ ги префрлил преку Ламанш во Велика Британија.
Луѓето во реонот на Истборн биле предупредени да се повлечат итно во своите домови или во затворени простории, затворајќи ги вратите и прозорците.
Сведоци изјавиле дека пред болницата во овој мал приморски град, имало долги редици со пациенти кои барале помош поради „маглата“.
Досега нема сознанија за некои потешки повреди кај луѓето кои биле изложени на „маглата“.
Ново на Сител
-

Земјотрес од 4,5 степени почувствуван на југот на Албанија
-

Силно невреме го зафати вчера Кочани, делови од градот останаа без струја
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Ставен под контрола пожарот во Преспа кој навлезе во Националниот парк Пелистер
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
