-->
-->
Еуростат: Македонците втори најбројни баратели на азил во Исланд
-->
Европската канцеларија за статистика (Еуростат), денеска ги објави бројките и процентите на вкупниот број баратели на азил во вториот квартал на оваа година (од април до јуни 2016 година) во земјите-членки на Европската унија и во земјите од Европската област за слободна трговија (ЕФТА). Граѓаните на Република Македонија, според процентот, се втори по бројност најголеми баратели на азил во островската држава Исланд.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, од вкупно 135 лица што побарале азил во Исланд, први се жители на Албанија (35), а втори се Македонците од кои 15-мина подале документи за да побараат азил во оваа земја, односно 11 проценти од вкупниот број на баратели. Трети се Пакистанците (10 лица побарале азил).
Она што е позитивно за Македонија е што во ниту една од земјите членки на Европската унија, каде 305.715 лица побарале азил во вториот квартал на оваа година, на првите три места по баратели на азил нема македонски граѓани. Најголем процент на баратели на азил во ЕУ имаат државјани на Сирија (30 отсто), па следат Авганистанци (16%)и државјани на Ирак (11%).
Од соседните земји на Република Македонија, албанските државјани се според процентот на баратели на азил први во Холандија (365 лица од вкупно 2.920 поднесени барања за азил), а трети во Луксембург, Франција, Ирска. Втори според бројот на баратели на азил во Луксембург се државјани на Косово (55 лица или 13 проценти).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом
-
Стерјовски од Корча: Овде сме да го одбраниме нашиот идентитет и да изградиме поцврста основа за иднината на Македонците во Албанија
-
Општина Центар: Во тек е голема акција, се чисти на шест локации
-
УЈП: Пад на прометот за 22,12% во четвртокот и петокот кај осумте поголеми ланци на маркети во земјава
-
Нова серија земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос
-
570 возачи казнети во Скопје: 150 за брзо возење, 22 без возачка, 4 возеле со забрана
-
Ѓорѓиевски: Ако станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во првиот круг
-
Балтичките земји се исклучуваат од руската електро-мрежа