Еуроњуз: Јавниот превоз во Македонија меѓу најлошите во Европа

Седум од 10 жители во Европа се генерално задоволни од јавниот превоз во нивниот град, се вели во извештајот на Европската комисија. Според истражувањето на „Еуроњуз“, постои голема разлика во нивото на задоволство од јавниот транспорт низ европските градови.
Во Скопје и Македонија, 47 проценти од жителите се задоволни од јавниот градски превоз, односно сме меѓу последните на оваа листа.
За споредба, Италија и Албанија се полоши од нас каде довербата во јавниот превоз е 29 отсто, со искулучок на Рим каде задоволството на жителите е околу 50 %. Следува Црна Гора со 37%, Србија и Кипар со 44% задоволни граѓани.
Задоволството од јавниот превоз надмина 85 отсто во три нордиски престолнини – Хелсинки, Осло и Стокхолм – тесно следен од Копенхаген, со 81 отсто задоволство.
-Во светлината на климатската криза, коалицијата од 43 европски транспортни организации бара зголемено финансирање од ЕУ за јавниот транспорт.
Европската комисија, исто така, сака да поттикне промена во однесувањето во корист на активната мобилност и јавниот транспорт, стои во текстот на „Еуроњуз“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
