Еуроникел го прошири производството

Започна со работа втората производствена линија на кавадаречката фабрика Еуроникел, инвестиција вредна околу 15 милиони евра.
По успешно завршената стечајна постапка на поранешната Фени, денеска Еуроникел прославува една година од своето работење. До сега со една производствена линија фабриката месечно произведуваше 15.000 тони. Сега со пуштање на втората линија производството на Еуроникел на месечно ниво ќе достигне 20.000 тони. Целото производство е наменето за извоз на европскиот, азискиот и американскиот пазар. Извозот на Еуроникел учествува со 5% во вкупниот извоз од земјава.
Инвеститорот Гсол до сега во фабриката вложи вкупно 95 милиони евра, вработува 1000 лица и директно или индиректно соработува со околу 1000 локални фирми добавувачи. Просечната плата на вработените во Еуроникел изнесува 550 евра.
Мирјана Јовеска
Ново на Сител
-

Загрозен балканскиот рис
-

Баргала, 16 века историја собрани во една книга
-

Преглед на вестите од светот
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
