Еурокомпозит: Работниците бараат отпремнини, плати и конечно решавање на ситуацијата
Над 200 работници, од кои половината се технолошки вишок, денеска се собраа во кругот на прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ изразувајќи го својот револт што не се исполнува ниту најавата, ниту ветеното, со исплатата на отпремнините и две плати за да се продолжи со работа.
Според Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на „Еурокомпозит“, на 130-те работници прогласени за технолошки вишок денеска требаше да им се исплатат по 50. 000 денари, дел од отпремнините, а на 100-ината кои останаа на работа, две плати зашто последната ја зедоа на 27 септември.
-Сите овие луѓе се чувствуваат изиграни од раководството и од владата. На прогласените за технолошки вишок за денеска им беше ветено дека ќе добијат по 50 000 денари, дел од отпремнината, а за 100-ината кои се останати, по две плати и да продолжиме со работа. Досега парите не се исплатени. Најновата информација што ја имаме од раководството е дека денеска на име отпремнини ќе им исплати по 25. 000 денари од ветените 50. 000 денари, а тие имаат за земање вкупно по 90. 000 до 100. 000 денари отпремнина, а нам, наместо две плати ќе ни бидат исплатени по 8.000 до 10.000 денари. Луѓето ќе бидат селектирани. По контактот со директорот и со претставникот на држвниот капитал слушнавме различно: претставникот вели дека отпремнините по 50.000 денари ќе ги добијат, а директорот вели дека нема толку пари, изјави Богданоски.
Работниците бараат владата да им каже конкретно што се случува со нив и со фабриката и најавуваат протести.
-Сакаме некој од владата да ни каже конкретно што се случува, да не си играат со вработените, или еднаш засекогаш нека го стават клучот на вратата на „Еурокомпозит“. Принудени сме да почнеме со протестите, блокада и собирање пред владата, вели Богданоски.
За Цветан Бунтески, еден од прогласените за технолошки вишок, веќе е неиздржливо без денар.
– И написмено беше дека на 30 ноември ќе добиеме по 50.000 денари. Но нема ниту плата повеќе од два месеца. Ова е неиздржливо, немаме денар за парче леб. Принудени сме на протести, велчи Бунтески.
Инаку работниците од „Еурокомпозит“ имаат побарувања за неплатени придонеси за шест години и 18-тина заостанати плати.
Протестите се најавуваат во почетокот на идната недела.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода скопјанец баран со потерница за затворска казна од една и пол година
-

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, нестабилно и во Полог и Овче Поле
-

ЦУК: Регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сѐ уште активен
-

Сиљановска-Давкова и Бројер: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО, има простор за продлабочување на билатералната соработка
-

Мортус пијан тетовец со 2,49 промили алкохол сакал да ограби казино со нож
-

Мисајловски: Ги цениме германската поддршка и партнерство во развојот на нашата Армија
-

ЦУК: Активен пожар во кичевското село Србица, пожарот во селото Бајково во општина Ново Село под контрола
-

Платил 28.700 евра на лажен службеник за враќање на запленето злато, останал и без пари и без злато

