„Еурокомпозит 11 Октомври“ в понеделник на средба со претставници од Владата

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска се сретна со претставници на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство и претставници на вработените на кои им е престанат работниот однос во компанијата „Еурокомпозит 11 Октомври“ од Прилеп и ги ислуша нивните барања.
Како што соопшти Владата, предложено е в понеделник, 10 јуни, да се одржи состанок во поширок состав. Покрај претставници на Владата, ќе присуствуваат и директорот и останатите раководни органи во „Еурокомпозит 11 Октомври“, претставници на здружението на лицата на кои им престанал работниот однос во фабриката, претставници на синдикатот на вработените во компанијата, како и претставници од Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство.
На состанокот, како што се наведува во дописот, би се разгледале сите барања од сите засегнати страни, ќе се утврдат приоритети и ќе се пристапи кон креирање динамички план за реструктурирање на оваа компанија во државна сопственост.
Премиерот Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски во моментот се на службено патување во Брисел, каде присуствуваат на форум во организација на ЕБОР и поради тоа не биле во можност да се сретнат со нив.
Ново на Сител
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

„Безбеден град“ дава резултат
-

Премиерот најави ново линеарно зголемување на пензиите
-

Сиљановска-Давкова очекува државата да направи исчекор кон природната дестинација, ЕУ
