Еурофарм Пелистер-Спортинг 24:24 – Прв бод за битолчани во Лига на шампионите
Битолчани ја прекинаа серијата од 17 порази во елитното натпреварување и заслужено се радуваа со верната публика во спортската сала „Боро Чурлевски“ чија поддршка беше клучна во последните две минути од натпреварот кога гостите имаа водство од три голови разлика.
Дуелот првата и последната екипа на табелата од групата „А“ почна со водство на македонскиот шампион кое беше задржано во првото полувреме со резултат од 15:13, а неизвеноста почна во 49 минута од средбата кога гостите израмнија на 21:21 и презедоа водство. Кога публиката почна да ја напушта спортската сала уверена во уште еден пораз, благодарение на грешките на гостите, битолчани успеаја на 10 секунди пред крајот да го израмнат резултатот на 24:24 и да освојат еден бод, кој воедно е прв во европската Лига на шампионите.
Во израмнетиот натпревар, најдобрите стрелци постигнаа еднаков број голови, односно по 5 Кузмановски, Пешевски и Радивоевиќ кај Еурофарм Пелистер, и Кошта и Салвадор во тимот на Спортинг.
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Демир Капија
-
МЗТ го доби вечното дерби против Работнички
-
Верстапен триумфираше на спринтерската трка во САД
-
Со цел да го прекине штрајкот, „Боинг“ понуди зголемување на платите за 35 отсто во текот на 4 години
-
Украина лансираше дронови врз Москва и врз западна Русија
-
Иран: Хезболах е одговорен за нападот со дрон врз резиденцијата на Нетанјаху
-
Во Молдавија се одржуваат претседателски избори и референдум за ЕУ
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози