-->
-->
Еурофарм Пелистер без рецепт за победа против ГОГ Гудме, поразен со 31:28
-->

Данскиот вицепрвак ГОГ Гудме го надигра македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, со аплауз и со два бодови замина од Битола.
Конечниот резултат од 31:28 е реален однос на силите, иако во првото полувреме постоеше искра надеж дека со помош на осмиот играч „чкембарите“, битолчани ќе слават. Данската ракометна школа дојде до израз во второто полувреме кое почна израмнето 14:14, а заврши со сигурна победа на гостите.
Триумфот на ГОГ Гудме го донесоа Фредрик Бјери со 13 и Хјалте Лике со 9 постигнати голови, додека во домашниот тим со својата прецизност доминираа Манасков со 9 и Кузмановски со 8 голови, недоволно за втора победа на Еурофарм Пелистер во европската Лига на шампионите.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
-

Преглед на вестите од светот
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
