Фудбал
26. јуни 2016 - 23:03

ЕУРО 2016: Светскиот првак Германија сигурен четвртфиналист

 Германија ја постигна најубедливата победа на досегашните пет осминафинални натпревари од Европското фудбалско првенство што се одржува во Франција. Вечерва во Лил, Германците со убедливи 3:0 ја совладаа Словачка и се пласираа во четвртфиналето.
 
Стрелци на головите за „панцирите“ беа Жером Боатенг (8.минута), Марио Гомез (43) и Жулијан Дракслер (63). Победата можеше да биде со повисока разлика доколку Месут Озил го реализираше пеналот во 14.минута.
 
Досега пет селекции обезбедија учество во следната фаза на ЕУРО 2016: Германија, Франција, Португалија, Полска и Велс.
 
Вечерва од 21 часот во последниот дуел од денешната програма се среќаваат Унгарија и Белгија.