-->
-->
ЕУРО 2016: Норвешка и Унгарија ја отвораат „бараж“ серијата
-->
Со натпреварот Норвешка-Унгарија, во четврток во Осло, започнуваат дополнителните квалификации за пласман на Европското првенство во Франција. Босна и Херцеговина и Република Ирска ќе играат в петок, а во сабота на програмата се натпреварите Украина-Словенија и Шведска-Данска. Реваншите ќе се одиграат од недела до вторник, кога ќе биде комплетиран списокот на учесници на Еуро 2016.
Норвешка и Унгарија, доколку имаа само малку повеќе среќа веќе можеa да бидат на ЕП, вака една од овие две селекции нема да ја види Франција. Норвешка има само едно учество на ЕП-а, и тоа во 2000 година, додека Унгарците учествувале двапати на континеталните шампионати во далечните 1968 и 1972 година.
Норвешка во последниот меч од групата до 73 минута имаше предност против Италија, но потоа ‘азурите’ направија пресврт и директно на ЕП ја испратија Хрватска, а Норвешка ја турнаа во баражот.
Унгарија, пак, неколку секунди ја делеа од второто место во групата, но голот кој Селчук Инан го постигна против Исланд значеше дека тие ќе мора да играат дополнителни квалификации.
Низ историјата Норвешка и Унгарија одиграле 18 натпревари, Унгарците се поуспешни со осум победи, три повеќе од Норвежаните. Сепак, Норвешка последен пат од Унгарија загубила пред 30 години, во квалификациите за пласман на СП во 1982 година (1-4).
Потоа Норвежаните во девет мечеви не загубиле од Унгарија (пет победи, четири нерешени).
Она што ги мачи норвешките фудбалери е традицијата која вели дека во последните 20 години, во ноември одиграле шест натпревари и сите ги загубиле.
Норвешка-Унгарија (20:45)
Осло. Стадион Улевал. Судија: Марк Клатенбург (Англија)
Веројатни состави:
Норвешка: Ниланд – Елабделауи, Форен, Ховланд, Хогли – Скјелбред, Јохансен, Тетеј, Бергет – Хенриксен – Содерлунд
Унгарија: Кираљи – Леандро, Кадар, Гузмич, Фиола – Елек, Наѓ – Џуџак, Гера, Немет – Николиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Републикански конгресмени го повикаа Бајден да испрати касетни бомби во Украина
-
ММФ одобри план за помош на Украина од 15,6 милијарди долари
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фамилијата Груби во џеб става народни пари
-
По лебот, тестенините и млечните производи, замрзнати цените на оризот и јајцата
-
Османи: Ахмети е историска личност, тој е човекот што секогаш ги штити интересите на државата
-
Во земјотресот кој ги погоди Авганистан и Пакистан најмалку 13 жртви
-
Шведскиот парламент ќе гласа за прием на земјата во НАТО
-
Тројца загинати во напад со руски дронови во Киев