-->
-->
ЕУРО 2016: Модриќ го „прочита“ Рамос
-->

Голманот на хрватската фудбалска репрезентација Данијел Субашиќ кој го одбрани пеналот на Серхио Рамос при резултат 1:1 и е меѓу најзаслужните за победата на „коцкестите“ откри дека Лука Модриќ бил „виновникот“ за успешната интервенција во 72.минута.
Гледачите на тв преносот имаа можност да видат како Дарио Срна му шепнува на Субашиќ како да го брани пеналот на Рамос. По натпреварот, хрватскиот голман кажа дека Модриќ које е соиграч на Рамос во Реал Мадрид, од клупата сугерирал каде да брани, а пораката ја пренел капитенот.
- Срна ми шепна дека Лука му рекол малку да почекам па да тргнам на мојата десна страна, изјави Субашиќ.
Хрватска на крајот победи со 2:1 и го освои 1.место во групата што значи условно полесен противник во осминафиналето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Мицкоски нема официјални средби во Њујрок
-

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја продлабочува соработката со САД
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Бизнисот чека крај на кризата на Блискиот Исток
-

Педесет проценти од пиперките скапаа по нивите, сега цената се покачи, земјоделците очекуваат да остане така
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Преглед на вестите од светот
-

Одбележан денот на Алцхајмеровата болест
