-->
-->
ЕУРО 2016: К.Роналдо ја остави Португалија на шампионатот
-->
Репрезентацијата на Исланд со голот во последната минута ја победи Австрија со 2:1 во дуелот од 3.коло од Ф групата, а на вториот дуел Унгарија и Португалија беше 3:3 со тоа што Унграија трипати водеше.
На дуелот меѓу Исланд и Австрија, Исланд поведе во 18.минута со голот на Јон Дади Бодварсон, а изедначи Александро Шеф во 46.минута. Голот за победа за Исланд го постигна Арор Ингви ТраТраустасон во 90+4 минута. Александар Драговиќ не реализираше пенал за Австрија во 37.минута.
Унгарија и Португалија го одиграа најефикасниот дуел од групната фаза досега. Унгарија поведе во 19.минута преку Золтан Гера, а изедначиНани во 42.минута. Балаш Душчак донесе водство за Унгарија во 47.минута, а Кристијано Роналдо изедначи во 50.минута. Третото водство на Унгарија и го донесе Душчак со својот втор гол во 55.минута, а пак резултатот го изедначи Роналдо во 62.минута.
Унгарија е прва на табелата со 5 бодови (+2 гол разлика), пред Исланд со 5 (+1), Португалија има 3, а Австрија е последна со 1 бод. Пласман во осминафиналето обезбедија првите три репрезентации, а Португалија има подобар биланс од третопласираните селекции на Албанија и на Турција.
Првенството заврши за Албанија која е веќе без шанси како третопласирана да биде во осминафиналето.
Досега се познати пет осминафинални двојки:
Швајцарија - Полска,
Хрватска - Португалија,
Германија - Словачка,
Италија - Шпанија и
Англија - Исланд.
Своите ривали ги очекуваат: Велс, Унгарија и Франција.
Вечерва во терминот од 21 часот се играат натпреварите од Е групата: Италија – Република Ирска и Белгија – Шведска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право