Фудбал
21. јуни 2016 - 23:36

ЕУРО 2016: Хрватска ја победи Шпанија, Турција подобра од Чешка

Репрезентацијата на Хрватска во натпреварот од 3.коло од групата Д ја победи Шпанија со 2:1 и со тоа го освои првото место во групата. Европскиот шампион Шпанија по 2004 година го претрпе првиот пораз на Европските првенства и како второпласирана од групата во 1/8 финалето ќе игра против Италија.

Шпанија поведе на дуелот во Бордо со голот на Мората во 7.минута. Хрватска изедначи во 45.минута преку Калиниќ, а кон средината на вториот дел голманот на Хрватска Субашиќ одбрани пенал на Серхио Рамос, а во 88.минута Перишиќ ги постави конечните 2:1.
На вториот дуел од Д групата Турција ја победи Чешка со 2:0 и го обезбеди третото место, пред Чешка.
Турција во вкупниот пласман на третопласираните селекции има подобар скор од Албанија и може да се надева на пласман во 1/8 финалето.
Денеска се одиграа и дуелите од групата Ц: Германија - Северна Ирска 1:0 и Полска - Украина 1:0.
Табела: Греманија 7 (+3), Полска 7 (+2), С.Ирска 3, Украина 0.
 
Досега се познати осминафиналните двојки:
Швајцарија - Полска
Велс - 3Ц/ 3Д
Хрватска - 3Б/ 3Е / 3Ф
Франција - 3Ц / 3Е
Германија - 3А / 3Б
1 Ф - 2 Е
Италија - Шпанија
Англија - 2Е
 
Утре се играат натпреварите во Е и Ф групите:
Исланд - Австрија и Португалија - Унгарија (18 часот Ф група), Италија - Р.Ирска и Белгија - Шведска (21 часот Е група).