-->
-->
ЕУРО 2016: Франција или Исланд во полуфиналето на Германија
-->
Во последното четвртфинале на ЕУРО 2016 вечерва во Париз играат Франција и Исланд. Домаќинот на Европското првенство Франција против Исланд ја има фаворитската улога пред се поради реномето во европскиот и светски фудбал, но и од причина што што кога ја имале улогата на домаќин на големите натпреварување го освојувле првото место (Европско првенство 1984 година и Светско првенство 1998 година). Исланд и со пласманот во четвртфиналето направи неочекуван резултат, но избраниците на селекторите Ларс Лагербек и Хеимер Халгримсон најавуваат дека се подготвени за уште едно изненадување.
Селекторот на Франција Дидие Дешамп нема да може да смета на два играчи (Н‘ Голо Канте и Адил Рами) кои имаат жолти картони, додека во таборот на Исланд сите се на располагање.
Ова ќе биде 12.ти меѓусебен дуел на овие две селекции, а Франција има осум победи со три нерешени резултати, а Исланд е без триумф над „триколорите“.
Победникот од ова четвртфинале на 7.јули во Марсеј ќе игра против Германија.
Судија на натпреварот е Бјорн Кујперс од Холандија, а почетокот е во 21 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровски езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид