-->
-->
ЕУРО 2016: Белгија убедлива против Р.Ирска (3:0)
-->
Репрезентацијата на Белгија по стартниот пораз од Италија денеска со убедлива победа (3:0) во натпревар од 2.коло од групата Е ја совладаа Република Ирска.
Стрелец на два гола беше Ромелу Лукаку во 48 и 70.минута, а гол постигна и Аксел Вицел во 61.минута.
Во оваа група пласман во 1/8 финалето има обезбедено Италија која е прва со 6 бодови, Белгија има 3, а Република Ирска и Шведска имаат по еден бод.
Денеска се играат и двата натпревара од Ф групата: Исланд - Унгарија (почеток 18 часот - Марсеј) и Португалија - Австрија (почеток 21 часот - Париз).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена