„ЕурАктив“: Дали ЕУ ја губи Србија

Додека илјадници бегалци доаѓаат на границите на Европа, останатиот дел од светот, но и самите Европејци, се повеќе се сомневаат во капацитетите на Брисел и на земјите-членки на ЕУ за справување со бегалската криза, оценува бриселскиот порталот „ЕурАкрив“, кој воглавно третира теми поврзани со Унијата.
Порталот смета дека бегалската криза ја доведува во прашање довербата кон ЕУ, поради нејзината неспособност да справи со приливот на бегалци и поради непочитувањето на меѓународните норми за човековите права, прашање кое досега беше едно од „жешките костени“ во нејзините преговори со државите-кандидати за членство.
Според порталот, ова особено важи за Србија, која како и другите аспиранти за членство во ЕУ, во Унијата гледаа еден од најзначајните светски лидери.
Но, сега се чини дека Белград во ЕУ се помалку гледа институција која може да им кажува на другите, што и како треба да прават. Ваквата промена на ставовите се должи на спабата акција од страна на Унијата во справувањето со бегалската криза, смета „ЕурАктив“
Советникот за европски прашања во Европската асоцијација за комункациски агенции, Стефан Ранѓеловиќ смета дека во услови кога Србија се повеќе е на удар на бегалскиот бран, ЕУ би требало да ја награди ако сака да ја зачува на евроинтергацискиот пат, со тоа што ќе дозволи отворање на првата глава од пристапните преговори.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
-

Македонските студенти: Победата во Србија е доказ дека младите можат да направат промени
