ЕУ во вториот квартал купила исти колични нафта, но ги платила 55,8% поскапо

Во вториот квартал од 2026 година, вредноста на увозот на нафта во ЕУ нагло пораснал за 55,8%, иако количините останале речиси исти како во претходните кавратали, околу 36,7 милиони тони, објави Евростат.
Што се однесува до течниот природен гас, вредноста на увозот се зголемил за 4,1%, додека количините се намалени за 5,6%.
Во истиот период, увозот на природен гас во гасовита состојба забележал раст и во поглед на вредноста (+18,5%) и во поглед на обемот (+3,4%).
Најголемите добавувачи на енергенти во вториот квартал од 2026 година биле САД и Норвешка. Главни добавувачи на нафта за ЕУ се САД (18,8%), Норвешка (14,3%) и Казахстан (13,4%).
Најголем дел и од течниот природен гас е увезен од САД (63,2%). Уште 17,3% потекнуваат од Русија, а 8,1% од Алжир.
Норвешка била главен добавувач на природен гас во гасовита состојба (51,2%), по што следуваа Алжир (18,2%) и Обединетото Кралство (11,1%), кое ја надмина Русија (10,2%) и влезе во групата на трите најголеми партнери на ЕУ.
МИА
Ново на Сител
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
