ЕУ: Владеењето на правото е под закана во Полска

ЕУ формално ја предупреди Полска дека во неа постои закана по владеењето на правото, како еден од фундаменталните принципи врз кои се темели Унијата.
Полската опозиција и продемократските активисти, критичари на актуелната десничарска Влада во Варшава, остро ги осудуваат направените измени на законот со кои се уредува работата на Уставниот суд во земјата, тврдејќи дека тој сега е ставен под контролата на Владата.
Предупредувањето што го изрече Европската комисија може да предизвика казнување на Полска, со одземање на нејзиното право на глас во ЕУ.
Брисел и Варшава се уште преговараат околу овој случај, откако Еврокомисијата реагираше со остра осуда на законот за Уставниот суд, оценувајќи го како антиевропски.
Еврокомесарот Франс Тимерманс изјави дека политичките прашања на Полска се работа на полските политичари.
На својата страница на Твитер, меѓутоа, Тимерманс напиша дека „задача на Брисел е да го штити владеењето на правото, врз основа на усвоената и од сите прифатена европска спогодба од Лисабон“.
Конзервативната популистичка партија Право и праввда се наоѓа на власт во Полска од октомври 2015 година.
Во декември минатата година, Владата ја измени работата на Уставниот суд, со што, според опозицијата, но и Брисел, го оневозможува Судот да пресудува за законите кои ги носи Владата.
Полскиот министер за правда Збигњев Зиобро, кој во истовреме е и државен обвинител, изрази жалење поради одлуката на Европската комсија и пресудата што и е изречена на Полска.
Владата во Варшава сега има две недели да реагира на „пресудата„ но еврокомесарот Тимерманс изјави дека во вторникот вечерта, разговарал со полската премиерка Беата Шидло, при што таа го уверувала дека Полска сака да ги продолжи разговорите со Еврокомисијата.
Ново на Сител
-

МВР: Во мај година пријавени 70,5 отсто повеќе кривични дела поврзани со семејно насилство и зголемување од 71,3 отсто во однос на мај лани
-

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник
-

Макрон: Писмото на Зеленски до Путин е добра иницијатива за обновување на дијалогот
-

Тошковски: Граничниот премин Маркова Нога значаен за двете пријателски држави и стратешки проект за регионот
-

Четири лица осомничени за кражба на маси и столови од угостителски објект во Куманово
-

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски
-

Кривична за лице од Пласница поради оштетување прозорец на еден од вагоните на возот „Ќиро“, кој е историски предмет
-

Кривична за професор од средно училиште во Кичево, физички нападнал малолетна ученичка
