Свет
8. July 2021 - 15:51

ЕУ: Тие што ќе одбијат да се вакцинираат, сами да си го платат лекувањето

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош, во изјава за хрватскиот портал „N1“, рече дека ЕУ веќе размислувала оние што ќе одбијат да се имунизираат против болеста, самите да ги сносат трошоците за лекување.

Според него, Хрватска ќе премине на нов пристап кога станува збор за популаризација на имунизацијата, кој ќе вклучува задолжителни предавања и едукација за сите лица, и оние кои примиле доза но и на оние кои не примиле.

„Предавањата ќе бидат задолжителни затоа што тие се одвиваат во рамките на образованието за безбедноста при работа“, рече Берош.

Министерот додал дека сертификатите за првата доза ќе бидат продолжени на 10 месеци, наместо на претходните шест.

“Во Европската унија веќе се размислуваше оние кои одбиваат да бидат имунизирани да ги сносат трошоците за лекување. Во Хрватска, ние не одиме во таа насока. Државата ќе плати за нивното лекување, но зошто нашите парите да одат за третман на некој што можел да се заштити?“, рече Берош.