Свет
20. јуни 2016 - 20:06

ЕУ: Сузбивање на криумчарењето луѓе и ембарго за оружје

Министрите за надворешни работи на ЕУ се договорија денеска дека е неопходно да се зајакнат акциите за сузбивање на криумчарење луѓе преку Медитеранот кои би содржеле и обука на либиската крајбрежна стража како и спроведување ембарго на ОН за оружје.

Министрите се договориле да продолжи операцијата „Софија“ уште една година и да се запре приливот на мигранти од северна Африка во Европа.

Советот со тие одлуки, додава две задачи: обука на либиската крајбрежна стража и морнарица и придонес кон ембаргото на оружје на ОН на копно и во близина на Либија. ЕУ ја покрена операцијата Софија во минатата година.