ЕУ со предупредување до Турција поради Кипар
Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, вчера од Сибиу ја повика Анкара да го почитува суверенитетот на Кипар и дека ЕУ од блиску ќе ги следи турските обиди за дупчење во кипарските води во потрага по нафта.
– ЕУ е обединета зад Кипар и очекува од Турција да ги почитува суверените права на земјата членка. Европскиот Совет ќе продолжи да ги следи од блиску настаните, предупреди Туск.
Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадес, вчера ги брифирал земјите членки околу овие случувања и ја повикал Европската Унија да преземе санкции против лицата инволвирани во дупчењето на водите.
Кипар смета дека турските активности во нејзината ексклузивна економска зона се нелегални. Грчкиот премиер Алексис Ципрас порача дека целосно го поддржува Кипар.
– Целосно го поддржувам ставот на претседателот на Кипар кој побара ова прашање да се потегне како европско прашање и истакнав дека ЕУ има посебен геополитички и стратешки интерес во зоната на источниот Медитеран, изјави Ципрас.
Ново на Сител
-
Маж се фрли од зграда во Аеродром | ФОТО
-
Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО, судењето одложено за 3 февруари
-
Приведен криминалец кој бил осуден на затворска казна од 11 години
-
Челси го комплетираше најскапиот трансфер во женскиот фудбал
-
Евертон заинтересиран за Артур Мело
-
Бруклин го повлече дресот со број 15 во чест на Винс Картер
-
Анчелоти: Првенството е предолго за да се мисли дека се е готово
-
Консеисао нема проблеми по инцидентот во Калабрија: Не сме во црква, ова е фудбал!