ЕУ: Референдумот во Република Српска нема законска основа
Европската унија денеска излезе со став дека вчерашниот референдум во српскиот ентите во Босна и Херцеговина, Република Српска, нема законска основа, јави дописникот на МИА од Брисел.
Сепак, преку портапролката на Европската комисија Маја Коцијанчич, официјален Брисел денеска ги повика институциите во БиХ да ги решат сите отворени прашања во рамки на постоечката уставна рамка и преку конструктивен дијалог, а ги повика и да се воздржат од активности што можат да доведат до ескалација на состојбата.
- Референдумот во Република Српска нема законска основа, бидјеќи Уставниот суд на Босна и Херцеговина одлучи да ја суспендира одлуката, додека не се одлучи за уставноста на референдумот. Овој реферндум не може да ја промени крајната и обврзувачката одлука на Уставниот суд во БиХ. Ние очекуваме и ги охрабруваме инситутциите во БиХ да ги решат сите отворени прашања во рамаки на постоечката уставна рамка и преку конструктивен дијалог. Важно е за сите страни да се воздржат од активности што можат да ескалираат и Босна и Херцеговина да се посвети на реформи во економската и социјалната политика што ќе ја приближи кон Европската унија, изјави Коцијанчич.
На вчерашниот референдум во Република Српска 99 проценти од излезените гласачи го поддржаа предлогот 9 јануари да се слави како ден на српскиот ентитет во БиХ, што од претходно за неуставен го прогласи Уставниот суд на земјата.
Ново на Сител
-
Над 250 албански интелектуалци во Северна Македонија со отворено писмо до Уставниот суд
-
Одложено градското дерби Евертон – Ливерпул
-
Фонсека ги обвини судиите за поразот од Аталанта
-
Аталанта победи на девет натпревари по ред во Серија А, повторувајќи го рекордот од пред четири години
-
Ужас во Хаг: Зграда се сруши при експлозија, 20 луѓе се заробени во урнатините
-
ДУИ: Прекинете ја оваа лудост, последиците ќе бидат незамисливи
-
Ја давел за врат, па ја удирал со тупаници и ја кубел за косата - поднесено обвинение
-
Во Маврови Анови и Попова Шапка 40 сантиметри снег, најмногу дожд во Крива Паланка и Виница