ЕУ распореди четири хеликоптери и три авиони во земјава како помош за гаснење на пожарите
Европската комисија донесе одлука да мобилизира помош за Северна Македонија и Бугарија во справувањето со шумските пожари што ги зафатија двете земји, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и справување со кризи Балаш Ујвари.
- Со активирање на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, во Северна Македонија се распоредени четири хеликоптери и три противпожарни авион од Хрватска, Словенија, Србија и Турција, информира Ујвари.
За помош во справување со пожарите во земјава се испратени еден хелликоптер од Србија, два хеликоптери од Словенија, хеликоптер и два авиони од Турција и авион кој е дел од противпожарната флота на ЕУ стациониран во Хрватска.
Во Бугарија пак, според Ујвари, се испратени два хеликоптери за гаснење пожари од Чешка, од кои едниот е дел од противпожарната флота на ЕУ.
- Подготвени сме да мобилизираме и дополнителна помош. Како што знаете во пресрет на летото направивме значителни подготовки, ангажирајќи над 500 пожарникари, 28 авиони и четири хеликоптери за гаснење пожари распоредени низ цела Европа, додаде Ујвари.
Во врска со оваа одлука на Европската комисија, евроомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич истакна дека ЕУ е обединета во својата поддршка за справување со пожарите, со што се докажува важноста на солидарноста.
- Нашиот брз одговор преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ е од клучно значење за помагање на локалните напори против овие разорни шумски пожари. Остануваме подготвени да обезбедиме дополнителна поддршка доколку е потребно. Шумските пожари не познаваат граници, како ни нашата посветеност да помогнеме, додаде Ленарчич.
Европската комисија соопшти и дека Координативниот центар за одговор при итни случаи на ЕУ продолжува внимателно да ја следи ситуацијата, со цел да може брзо да реагира за испраќање дополнителна помош доколку биде потребно.
Со цел да помогне во справувањето со евентуалните пожари, Европската комисија во пресрет на летото формира флота од авиони и хеликоптери за гаснење пожари и ангажираше пожарника спремни за итна реакции, кои се распордени на неколку локации ширум Европа.
Противпожарната флота на ЕУ се состои од 28 авиони и четири хеликоптери стационирани во 10 земји членки на ЕУ.
Дополнително, 556 пожарникари од 12 земји се стратешки распоредни на клучните локации во Европа, во Франција, Грција, Португалија и Шпанија, кои се подготвени да реагираат во помош на локалните противпожарни единици во справувањето со огнените стихии.
Ново на Сител
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците