ЕУ препорачува реформи и соработка во Западен Балкан, наместо опасни изјави

Изјави, кои можат да се толкуваат како политичко мешање во внатрешните работи на соседна држава, не помагаат во градењето добрососедски односи во Западен Балкан, изјави за Танјуг портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, од која беше побарано да ги коментира изјавите на албанските лидери за можно обединување на Албанија и Косово.
Таа нагласи дека наместо да се даваат опасни изјави сите во регионот треба да се фокусират на реформите и соработката.
Коцијанчич изјави дека високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан го потенцирале тоа.
Портпаролката на ЕК изјави дека ЕУ се придржува кон принципите на помирување и регионална соработка во Западен Балкан.
Албанскиот премиер Еди Рама изјави во интервју во вторникот дека доколку европската перспектива на земјите од Западен Балкан продолжи да се намалува, не е исклучена можноста за обединување на Косово и Албанија. Косовскиот претседател Хашим Тачи ден потоа изјави дека ако ЕУ ги затвори вратите за Косово, сите Албанци од регионот „ќе живеат во една заедничка држава“.
Ново на Сител
-

Кошта: Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствен начин за формално почнување преговорите
-

Сиљановска-Давкова положи венец пред Споменикот на слободата во Девин
-

Мицкоски го пречека Кошта, по тет-а-тет средбата ќе има состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција
-

Канал 12: Напнат разговор меѓу Нетанјаху и Трамп околу израелските напади врз Бејрут
-

Собир на граѓани го блокира сообраќајот на „Бутелска“
-

Антонио Кошта пристигна во Скопје
-

Во Вашингтон нова рунда директни преговори помеѓу Израел и Либан
-

Најмалку 16 луѓе повредени во невреме во Јапонија
