ЕУ повикува на депортација на илегалните мигранти
Европската Унија ги повика земјите-членки да депортираат повеќе мигранти кои илегално ги преминуваат нејзините граници и кои немаат право да останат.
-Минатата година стапката на враќање на лицата кои немаа право на престој беше само 21 процент. Неуспехот да се вратат луѓето го успорува нашиот систем и ја поткопува довербата во него, рече комесарката за внатрешни работи на ЕУ Илва Јохансон.
Таа додаде дека минатата година во земјите на ЕУ биле донесени 340.000 решенија за депортација, но дека во само 60 отсто од случаите европските власти се обиделе да стапат во контакт со матичните земји на мигрантите за да ги вратат.
-За да го заштитиме правото на барање азил, мораме да покажеме дека на соодветен начин постапуваме со оние кои не ги исполнуваат условите да уживаат меѓународна заштита. Ни треба миграција, но таа мора да се одвива легално и уредно, рече таа.
Пристигнувањето на повеќе од милион мигранти во 2015 година, главно оние кои бегаа од војната во Сирија или Ирак, предизвика една од најголемите политички кризи во ЕУ.
Јохансон рече дека агенцијата за гранична и крајбрежна стража на ЕУ е „опремена“ да организира летови за депортација и ги повика државите на ЕУ да го искористат тоа.
Ново на Сител
-
Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски
-
Со изведување на докази на одбраната продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Уставниот суд ќе одлучува за Изборниот законик, на дневен ред и осум други иницијативи
-
Додик во пресрет на пресудата повика на дијалог
-
Трамп предложи виза „златна карта“ од пет милиони долари за богати имигранти
-
Украина со дронови го нападна јужниот руски регион Краснодар
-
Променливо облачно со сончеви периоди
-
Руско МНР: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина