ЕУ одобри 60 милиони евра помош за Вооружените сили на Либан

– Советот на ЕУ денеска реши на Вооружените сили на Либан да им додели 60 милиони евра помош од средствата на Европскиот мировен фонд (ЕПФ).
Овој трет пакет помош за либанските Вооружени сили има за цел зајакнување на нивните капацитети за обезбедување и одржување на стабилноста во јужниот дел на земјата.
– Мерката ќе придонесе за заштита на цивилното население во регионот.
Мерката за помош, исто така, ќе ги подобри оперативните способности и ефикасноста на Вооружените сили на Либан за да придонесат за националната и регионалната безбедност и стабилност, со што ќе им се овозможи на раселените цивили од двете страни (на либанско-израелската граница) да се вратат во своите домови, се наведува во соопштението на Советот.
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас оцени дека најавата за оваа нова значителна помош за либанските Вооружени сили доаѓа во критичен момент за спроведување на Договорот за прекин на огнот меѓу Либан и Израел.
– Вооружените сили на Либан се од суштинско значење за регионалната и внатрешната стабилност и ја заслужуваат сета наша поддршка во извршувањето на нивната клучна мисија.
Европската Унија и нејзините земји членки се силно посветени на поддршка на либанските државни институции и на обнова на партнерството ЕУ-Либан, нагласи Калас.
Според ЕУ, планот за прераспределување на припадници на Вооружените сили на Либан на југот од земјата, јужно од реката Литани, е од клучно значење за реализација на меѓународните напори насочени кон постигнување траен прекин на огнот и спроведување на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН.
– Вооружените сили на Либан, заедно со Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), се главниот гарант за воспоставување на неопходните безбедносни услови за враќање на стабилноста и безбедноста на населението од двете страни на границата, се додава во соопштението.
Европскиот мировен фонд е основан во март 2021 година со цел финансирање на активности во рамки на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ за спречување конфликти, зачувување на мирот и зајакнување на меѓународната безбедност и стабилност.
Преку Европскиот мировен фонд, ЕУ може да финансира активности насочени кон зајакнување на капацитетите на трети држави, како и на регионални и меѓународни организации, поврзани со воени и одбранбени прашања.
Ново на Сител
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Орбан: Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“
-

Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд
-

Од раѓање до уништување: Животниот циклус на една планета
-

Гоце Наумовски избран за нов уставен судија
-

Две лица во притвор поврзани со заплената на 5 тони марихуана во Србија
-

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години
-

Отповикана утрешната расправа за „Пулс“ заради влошена здравствена состојба на еден од обвинетите
