ЕУ очекува силен парламент и стабилна коалиција
Реакција во име на ЕУ за изборите на 15 јули стигна попладнево од страна на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борел, јави дописничката на МИА од Брисел.
Европската Унија им честита на граѓаните што го искористија своето право на глас на изборите и покрај здравствените предизвици од Ковид-19 пандемијата.
Реакцијата на ЕУ се темели врз наодите на ОБСЕ/ОДИХР објавени вчера и потсетува дека “правната стабилност“ е “поткопана“ поради “суштинските ревизии на законската рамка и последователните владини декрети“.
Европската Унија очекува од Македонија и нејзините институции да ги исполни сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР на идните избори.
-Очекуваме да работиме со силен парламент и стабилна владина коалиција која треба да ги исполни стратешките цели на земјата на интеграција во ЕУ и да одговори на очекувањата на граѓаните, порачуваат Вархеји и Борел во заедничкото соопштение.
Поради тоа ЕУ очекува од македонските власти да продолжат со реформите поврзани со ЕУ интеграцијата, посебно во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал и да продолжат да ги зајакнуваат добрососедските односи, порачува ЕУ.
Ново на Сител
-

Народна банка: Каматната стапка е непроменета – зголемени ризици за монетарно затегнување
-

Од утре променливо облачно со дожд, пообилни врнежи во петок
-

Артета: Гладни сме да го добиеме натпреварот за финале
-

Фудбалерките на ЖФК Скопје 2014 ја освоија титулата во македонското првенство
-

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот
-

Прва пресуда за злоупотребите на ИПАРД – 10 месеци затвор за обвинетата што призна вина
-

Реал до крајот на сезоната без повредениот Менди
-

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година
