ЕУ очекува проблеми за земјоделството во случај на тврд Брегзит
Колеџот на еврокомесари денеска ќе разговара за земјоделските мерки во случај на Брегзит без договор, комесарот за земјоделство вчера предупреди дека ова сценарио би предизвикало сериозни проблеми за земјоделскиот пазар, јави дописничката на МИА од Брисел.
– Ако има царинска унија и ако има доволен степен на усогласување на стандардите меѓу ЕУ и Обединетото Кралство, ништо нема да се смени, но доколку нема договор ќе видиме кои се нашите одговорности, согласно мировниот ирски договор за да спречиме тврда граница во Ирска – изјави Фил Хоган, еврокомесарот за земјоделство.
Британците неодамна ги објавија царинските тарифи кои би стапиле во сила во случај на Брегзит без договор врз низа производи како месото, сирењето, шеќерот и оризот, кои највеќе ќе ги погодат земјите членки кои најмногу извезуваат на британскиот пазар.
ЕУ интензивно се подготвува за Брегзит без договор, кој ќе настапи на 12 април доколку британската премиерка не успее да постигне договор и да издејствува мнозинство за поддршка на компромисот постигнат со ЕУ, компромис отфрлен три пати од британскиот Парламент.
ЕУ утре ќе одржи вонреден самит за да се обиде да помогне во изнаоѓањето компромис, но топката е во рацете на Британците, оценува ЕУ.
Шефот на европскиот преговарачки тим, Мишел Барние вчера ја посети Ирска и ирскиот премиер, Лео Варадкар. Тој ги увери Ирците дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува земјата во случај на Брегзит без договор.
Варадкар од своја страна повтори дека неговата Влада е подготвена да прифати подолго одлагање на Брегзит.
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
