Свет
28. November 2017 - 17:26

ЕУ: Нема промена на форматот во дијалогот меѓу Белград и Приштина без согласност на двете страни

 Секоја промена на форматот во дијалогот меѓу Белград и Приштина, вклучувајќи и ангажирање на САД, мора да биде поддржана и од Србија, изјави денеска за Танјуг портпаролката на Европската комисија. Маја Коцијанчич.

- ЕУ е посредник во дијалогот меѓу Белрад и Прштина. Двете страни треба да се договорат за содржината, форматот, брзината и агендата, изјави Коцијанчиќ и повтори дека ЕУ и САД тесно соработуваат кога станува збор за Западен Балкан, што го опфаќа и процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина.

Дипломатски извори на Танјуг во Брисел нагласуваат дека во ЕУ се разговара за нова фаза во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Коцијанчич нагласи дека од претседателите на Србија и Косово се очекува во наредните недели и месеци да продолжат со „конструктивно вложување какво што е покажано во текот на претходните состаноци во рамките на дијалогот“.