ЕУ: Нема основи за нови преговори за Брегзит

Европската унија соопшти дека нема основи за продолжување на преговорите за Брегзит, додека Велика Британија и натаму инсистира на промена на спогодбата што ја постигна поранешната британска премиерка Тереза Меј, јавуваат британските медиуми.
Преговарачите од ЕУ на европските дипломати им кажаа дека измените што ги предлага новата британска Влада, како што е отстранувањето на бекстопот со Ирска, се неприфатливи, пренесува Би-Би-Си.
Од друга страна, Даунинг стрит ги отфрла тврдењата дека сакал разговорите да пропаднат за да им се овозможи повлекување на Брегзит без договор.
Портпаролот на британската Влада изјави дека се надеваат дека ЕУ повторно ќе го разгледа прифаќањето на измените од договорот.
ЕУ, како што кажа, мора да го смени својот став, бидејќи спогодбата на Тереза Меј нема да биде прифатена во британскиот Парламент во таа форма.
Договорот што Меј го постигна со ЕУ три пати беше одбиван во британскиот Парламент.
Новиот британски премиер Борис Џонсон вети дека „ќе го стори тоа или ќе умре“, односно ќе ја извади Велика Британија од ЕУ до 31 октомври, со или без договор.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
